Другарот Тито на само 5 секунди од нашата свирка ги затна ушите: Брега искрено за „Бјело дугме“

Горан Бреговиќ своевремено откри дека бендот „Бјело дугме“ бил државен проект.

Наводно, преку нив тогашниот комунистички врв, сакал да ги конторолира младите. Од друга страна „Бјело дугме“ секогаш зад своите пети го имаше одделението за наркотици, а Бреговиќ на членовите од бендот мораше да им забрани дрога и секс со малолетници на турнеите.

На прашањето што од ваквите приказни е мит, а што вистина, Бреговиќ на новинарот Бранко Росиќ му одговори:

„ Дали „Бјело дугме“ беше државен проект? Се сеќавам кога не поканаа да му свириме на Тито за Нова година. Некои негови внуци ја пееле „Тако ти ја мала моја, кад љуби Босанац“, па го доведоа баш тој бенд што ја пее таа песна бидејќи сфатија дека другарот Тито баш тоа сака да го слушне. Но откако после 5 секунди од нашата свирка, тој ги затна ушите, не симнаа од бина по само 8 секунди. Така што најмногу 10 секунди бевме државен проект“