ДРУЖЕЊЕ СО МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ПРЕД КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈE: Мојот живот е монотон
Спотот за новата песна „Није љубав то“, всушност го раскажува мојот живот. Сакав се она што сум јас и се она што го живеам да го ставиме во тие четири минути. Мојот живот воопшто не е толку лесен, возбудлив и интересен како што го опишуваат медиумите. Всушност, тој е тежок и монотон, се до моментот кога ќе се качам на сцената
На два дена пред промоцијата на нејзиниот нов сингл „Није љубав то“ и на десет дена пред концертот во ВИП Арената, кој ќе се одржи на 17 март, српската пејачка Марија Шерифовиќ беше на гости во Скопје. Тазе вратена од турнејата низ САД и ненаспана, ни раскажа дека нејзиниот живот воопшто не е интересен како што го опишуваат медиумите.
На Евровизија веќе нема да одам. Ја пораснав и се заситив. Тоа е како на некое дете да му купите игричка за Плејстејшн,да речеме. Тоа за некое времеќесе презасити од неа и ќе му здодее.- Шерифовиќ во „Скопје Сити мол“„Спотот за новата песна „Није љубав то“, всушност го раскажува мојот живот. Сакав сето она што сум јас и се она што го живеам да го ставиме во тие четири минути. Мојот професионален живот воопшто не е толку лесен, возбудлив и интересен како што го опишуваат медиумите. Всушност, тој е тежок и монотон, се до моментот кога ќе се качам на сцената“, изјави Марија за Женски магазин. Во кадри од спотот, за кој српските портали на големо пишуваат, Марија е во прегратка со полугол маж. Нејзината сексуална ориентација е секогаш тема во медиумите, особено откако белградските медиуми напишаа дека Шерифовиќ изјавила дека е дел од ЛГБТ заедницата.
Кога пеам, пеам исклучиво за љубов, пеам од срце и со душа, и тие што ме слушаат разбираат дека само така иможамда пеам. Останатите што не ме разбираат, подобро и да не ме слушаат„Со мојот љубовен живот секогаш сите се занимаваат. Ниту некому нешто треба да објаснам, ниту некого демантирам, ниту потврдувам. Просто, се занимавам со себе си, не се занимавам со тоа како другите ме гледаат“, ни изјави Шерифовиќ по ова прашање.
„Се погоди сосема случајно, повеќето од инструменталистите во новата песна да се од Скопје. Јас овде поминувам многу време, Дарко Димитров е мој стар другар, со него сум снимила преку 30 песни. Но, ете, немам поим зошто до сега се чекаше за еден мој солистички концерт овде. Кога пеам, пеам исклучиво за љубов, пеам од срце и со душа, и тие што ме слушаат разбираат дека само така и можам да пеам. Останатите што не ме разбираат, подобро и да не ме слушаат“, рече Марија за новата песна и за концертот. Во 2007 година во Хелсинки, таа и ја донесе првата и единствена победа на Србија на „Евросонг“.
„Тогаш бев едно младо, нервозно и напнато дете од 21 година, но и покрај тоа ниту еднаш не изјавив: да, јас ќе победам. Така сега знаат да прават претставниците на земјите од регионот. Не е убаво јавно да предвидуваш некаква победа. Друго е да речеш: убаво би било, или: јас се надевам. На Евровизија веќе нема да одам. Ја пораснав и се заситив. Тоа е како на некое дете да му купите игричка за Плејстејшн, да речеме. Тоа за некое време ќе се презасити од неа и ќе му здодее. Така е со мене и со Евровизија“, рече Марија додавајќи дека на сцената има и други квалитетни вокали кои треба да си ја пробаат среќата.
За себе приватно, таа ни изјави дека е иста како и пред камерите: отворена и зборлеста. „Ме нервираат лажливи луѓе, ме нервираат бавни луѓе, без акција. Моето окружување е слично на мене“, додаде Марија. Концертот почнува од 21 часот и го организира „Прагма продукција“.
За Женски магазин, Милица Џаровска