,

ДУЊА И ДАЕЛА ЌЕ ДОЧЕКААТ МИРНА ПЕНЗИЈА КАЈ НАС: Цело Скопје ги пречека слониците во Зоолошка

Добивај вести на Viber

Слониците Дуња и Даела, со забава беа пречекани во скопската Зоолошка градина.   Турканица од луѓе, метеж за паркинг и весели деца кои едвај чекаа да ги видат новите жителки беше сликата за Зоолошка денес. 

"Се надевам дека Дуња и Даела ќе дочекаат мирни пензионерски денови овде. Дуња е азиска слоница, најстара од својот вид во Европа. Има 48 години. Даела е од Африка, таа е помлада, има околу 30. Тие две се неразделни пријателки", изјави Тина Мицковска, лице за односи со јавноста од скопската Зоолшка. 

Слониците се донесени од Белгија, а претходно, како што раскажа Мицковска, имале тежок живот во цуркус во Германија и од таму се спасени. Во Скопје, слонови последен пат имаше во 1992 година. На забавата пред пречекот, настапија Пет плус бенд и Златно славејче. (М.Џ.)