Дури една од пет жени не менуваат долна облека секој ден: Еве на колку денови ја менуваат

Добивај вести на Viber

Докажано е дека една петина од жените не водат правилна лична хигиена - eве на колку дена ја менуваат долната облека некои жени

Истражувачите не можеа да им поверуваат на своите очи кога ги видоа резултатите од истражувањето.

Дури една од пет жени не менуваат долна облека секој ден, а некои носат исти гаќи со денови, покажува новото истражување спроведено од платформата за нега на кожа „The Derm Review“.

Во истражувањето учествувале повеќе од илјада жени, а дури 21 процент признале дека носат еден пар гаќи „неколку дена“.

Една од десет жени носи исти гаќи три дена или подолго, што значи дека оваа навика е многу почеста отколку што мислите.

Некои од наведените причини за оваа лоша навика се недостаток на време наутро, замор навечер, заштеда на вода, како и намалување на количината на валкани алишта.

Повеќе од половина жени, дури 55 проценти, легнуваат во кревет во истите гаќи што ги носеле цел ден, а повеќето од нив се во возрасна група постара од 55 години.

Речиси една четвртина од жените признале дека не ја менуваат долната облека после тренинг, а во таа група, повеќето од нив се помлади од 25 години.

Причините за ваквите (не) хигиенски навики се различни, па затоа некои дами велат дека на овој начин заштедуваат време и пари, други мислат дека така ја штитат околината, а има и такви кои мислат дека тоа е сосема нормално, пренесува Британски „SUN“.

Кога станува збор за градници, тие треба да се перат по две до три носења, но 33% од испитаниците носат градници подолго од тоа.

Експертите советуваат дека долната облека мора да се менува секој ден, од здравствени причини.

извор:najzena.rs