Животна училница // Приказни
Душан дувна четири свеќички на роденденската торта: „Лавчето“ на Нина и Борко порасна (ФОТО)
Синчето на легендарниот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Николина вчера наполни 4 години.
„СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЛАВЧЕ МОЕ МАЛО! Ти ми покажа што е љубов и среќа, ти благодарам сине за секој миг ! Во животот сакам прво да си среќен а потоа се по ред ! “ - напиша на Инстаграм Нина споделувајќи роденденски фотографии.
Додека Борко сѐ уште се занимава со ракомет, Николина работи во Институтот за мода Изет Цури и се развива во дизајнерството кое е нејзина голема пасија.
Во интервјуто за Женски магазин, во една прилика таа ни кажа дека Душан е „дете кое е полно со енергија, дете кое знае во пет минути да го ишкрта ѕидот и во следната минута да дојде да ве гушне и да заборавите на се“.