Душан Марковиќ, корпоративниот маркетинг директор на Гемак Скопје добитник на престижното признание PRO PR GLOBE AWARDS
Меѓународната комисија на PRO PR Globe
Awards, составена од реномирани европски и регионални експерти,оваа
година донесе одлука декапризнание за свој придонес во развојот на областа
односи со јавност, ќе добијат признати регионални и странски комуникациски
стручњаци. Добитник на оваа награда од Македонија е Душан Марковиќ -Корпоративен маркетинг директор на Гемак Скопје.
Покрај господинот Марковиќ, признанија добија и: Силваин Пасква, лидер на тимот за европска културна и креативна индустрија во Европската комисија, Грцегор Шапански извршен директор на Hill + Knowlton Strategies, Fabio Marando, раководител на одделот за односи со медиуми на Casse depositi e prestiti, Дик Федорико член на Управниот одбор во болницата Heart of Kent, Давид Холдсток, директор за комуникации при Асоцијацијата за локална самоуправа во Лондон, КазунориАзејанаги од Јапонија, претседател и извршен директор на Dentsu Public Relations Inc. , Марибел Конигер, директор за комуникации во ERSTE Австрија, Carlos Chaguaceda директор за Комуникации во музејот „Museo del Prada“ од Мадрид, Ева Меклајн, директор на Maclaine Communicationsa во Велика Британија и директор на одборот CIPR (Charted Institute of Public Relations), како и Џејмс Лаки, извршен директор на Shamal Communications воОбединетите Арапски Емирати.
Добитници на признанија во Србија сеТања Татомировиќ, раководител на оддел за комуникацииво Microsoft, за 24 пазари во Европа и Евроазија , Тамара Коштро,службеник за комуникации и медиуми во Делегацијата на Европската унија во Србија, како и Лазар Бошковиќ, креативен директор и сопственик на компанијата AgitPROP.
Добитници од Хрватска сеИрена Куртанјек, раководителна корпоративни комуникации во Nestle Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, Нина ИшекМеџугорац,директорна корпоративни комуникации во хрватскиот Телеком и Дражен Думанчич, помошник извршен директор за односи со јавност и маркетинг на PBZ (Privredna banka Zagreb).Драгана Црвеница, директор на одделот за комуникации во Erste банка Подгорица и Оливера Џукановиќ, Шеф на кабинетот за односи со јавност на Владата на Црна Гора и советник на премиерот на Црна Гора, се победници од Црна Гора.
Во Словенија, PRO PR GLOBE AWARD оди во рацете на Ксенија Бенедети, советник за деловни комуникации и протокол на универзитетот во Приморска,Јудин Вречар, маркетинг менаџер во фабриката за стакло Рогачка, како иБорис Црница раководител на оддел за односи со јавност на фестивалот Lent. Победници од Босна И Херцеговина се Мелина Камериќ, специјалист за односи со јавноста и комуникации на Al Jazeeri Balkans и Нино Чориќ, раководител за односи со јавност на универзитетот Мостар се победници од Босна и Херцеговина.
Откако поранешните победнициги номинираа новите кандидати, специјалната комисија врз основа на анализи, медиумски објави и други релевантни информации, донесе одлука за имињата на 23-те победници.
На свечената церемонија ќе бидат доделени и три дополнителни специјални награди: PRO PR Vision City на градот Жалец, наградата Vision Manager на Даница Зорин Мијошек и наградата PRO PR Infigo Award на Такаши Инуе, за посебен придонес во развојот на областа односи со јавност.
PRO PR GLOBE AWARDS е програма за наградување на поединци кои преку својата работа придонесуваат за подобра перцепција и позиционирање на професијата односи со јавност на локално и глобално ниво. Истата е основанаво 2012 година со цел одбележување на десетгодишнината од конференцијата PRO PR. Програмот е препознатлив по тоа што е наменет првенствено за лица, а не за проекти, како и по тоа што за кандидатура на истиот не се плаќа никаков надоместок.
Свеченото доделување на признанијата ќе се одржи на 20.3.2020. година во хотелот Terme Olimia - Hotel Breza, како дел од 18-то издание на меѓународнатa PRO PR конференција.
Признанието PRO PR GLOBE AWARDS вклучува и уникатна статуа која за оваа пригода ќе ја изработат студентите од академијата за применета уметност од Риека.