DustMagnet за ДОМ БЕЗ ПРАШИНА
Прашината која лебди насекаде околу нас најчесто можеме да ја видиме само кога просторијата ни е осветлена со директна сончева светлина. Истата настанува поради распаѓањето на материите околу нас и тој процес никогаш не запира.
За многумина е фрустрација кога на тукушто исчистените површини во домовите или работните простории повторно за краток период ќе се наталожи нов слој прашина. Кога за ден-два новиот мебел повторно ќе го изгуби сјајот под слојот прашина, кога темната површина на мониторот или екранот ќе стане сива или кога вашето дете повторно ќе го видите како игра по нечистиот под – фрустрациите се таложат како и прашината.
Медиумите свесни за актуелноста на овој проблем пишуваат разноразни совети за тоа како да се избегне прашината во затворените простории, а луѓето очајно применуваат многу од нив, и најчесто не добиваат никаков ефект.
Отстранете ги теписите и завесите, користете „специјални“ средства за чистење, исфрлете ги предметите кои немаат практична употреба (украси, слики и сл.), немојте да чувате домашни миленици, секојдневно проветрувајте ја постелнината и перниците како и безброј други бесмислени работи кои кога би почнале да ги применуваме- тогаш би се претвориле во робови на сопствените домови.
Но, настрана бесмислените совети и трикови. Едно од револуционерните решенија кои се нудат на пазарот, а може да даде одличен резултат со речиси целосно отстранување на прашината во затворените простории го нуди шведската компанијата BLUEAIR која ги произведува најнапредните пречистувачи на воздух на денешницата.
Најновиот модел именуван како DustMagnet кој светлото на денот го виде пред само неколку недели, е специјално конструиран да апсорбира што е можно поголем дел од прашината во секоја просторија. Како што кажува и самото име, позитивно наелектризираниот пред-филтер ги привлекува сите меки честички кои лебдат во воздухот односно има функција на магнет за прашина.
Моделот на Blueair, DustMagnet има неверојатни 99,97% ефикасност во филтрирање на прашината, вирусите, бактериите, мовот, првутот, мувлата и сите други познати видливи и невидливи честици со големина до 0,01 микрони. Истиот ги неутрализира миризбите и за само 12,8 минути ќе ја наполни просторијата со чист и свеж воздух. Мебелот и другите површини долго време ќе бидат чисти и без видливи честици од прашина.
Просторот ќе добие скандинавски изглед бидејќи пречистувачот има дизајн на парче мебел карактеристичен за тоа подрачје, а вие ќе добиете живот со помалку чистење и повеќе време за себе.
Проверете на www.filtracija.mk или во концепт продавницата на „Екотип“ на ул. Орце Николов бр. 202/3-1 спроти Машински факултет во Скопје.
ПР објава