Двајца се: „Тајм“ прогласи Личност на годината за 2020

Магазинот „Тајм“, годинава за „личност“ прогласи две личности. Инаку, „Тајм“ избира „Личност на годината“ од 1927 година, а претходните скоро 100 години се појавија многу важни светски личности. Сепак, кога ќе го погледнете списокот на луѓето што „Тајм“ ги вклучи, се издвојуваат неколку многу контроверзни имиња.

Годинава 2020, новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден и идната потпредседателка Камала Харис се на насловната страница на најновиот број, а во финалето го победија американскиот здравствен службеник Ентони Фаучи и претседателот Доналд Трамп, кој загуби на изборите одржани во ноември.

Инаку, „Тајм“ избира „Личност на годината“ од 1927 година, а претходните скоро 100 години се појавија многу важни светски личности. Сепак, кога ќе го погледнете списокот на луѓето што „Тајм“ ги вклучи, се издвојуваат неколку многу контроверзни имиња.

Минатата година младата Грета Тунберг, тинејџерка од Шведска позната по својот климатски активизам, беше прогласена за „Личност на годината“. Во тоа време имаше само 16 години, па стана најмладата личност која некогаш била номинирана.


ФОТО: Time.com