(ФОТО) Две предвремено родени деца и среќен брак: Дизајнерката Маја Кикириткова ужива во празничната семејна идила

Добивај вести на Viber

Познатата модна дизајнерка Маја Кикириткова во последниве години на модната сцена е активна со брендот „ЕЛЕАЗАР“,  а од летово и со персонализирани рачно изработени меки кукли-животни, облечени во исто дизајнерско парче облека како аутфитот на детето- наречени „Совршен пар“.

Оваа нова модна етапа од нејзиниот живот е секако инспирирана од нејзините две деца кои ги има со сопругот Александар Трајковски, синот Лазар и ќерката Ева.

Пред неполни три години за првпат се оствари во улогата на мајка со синот Лазар, предвремено родено бебе за кое Кикириткова на 17-ти ноември ( светскиот ден на предвремено родени бебеиња) напиша:

„Лазар... ти си првиот мој борец, кој јуначки се избори за да бидеш со нас и еве сега си дечко од неполни три години. Те сакаат мама и тато и секогаш ќе бидат тука за тебе.“

Тука не завршува борбата на Маја, бидејќи и со втората бременост наидува на потешкотии, за кои искрено пишува на својот профил на Инстаграм:

„Ева... и име не сакавте да ти дадеме, малер да не ствараме. Алишта ти немав испрано, не разговарав на темата пораѓај. Ја чекав 36та недела, ама не ја дочекав. И ти како и бато побрза за да дојдеш на овој свет. Знам дека си јунакиња моја. Мама и тато се побелени во главите, ама ве сакаат бескрајно и секогаш ќе бидат тука за вас.“

Денес Ева има скоро 11 месеци и за среќа се е во ред, а мама Маја и тато Александар уживаат со своите најмили. Особено периодов ги зафаќа празничната еуфорија па нивниот дом изгледа како вистинска бајка.

Р.Ж.М