Двојната маска е спас против корона: Експертите со нови совети како да се заштитите
Истражувачите откриле дека комбинацијата на овие две маски блокираат 92,5 проценти од потенцијално заразни честички, бидејќи тие создаваат поголема заштита околу лицето, објави Си-Ен-Ен.
Исто така, утврдено е дека хируршката маска, доколку е преклопена на краевите и врзана околу ушите, го намалува продирањето на патогените микроорганизми и блокира 63 проценти од аеросолите што можат да содржат ковид, што е значајна промена во споредба со заштитата од 42 проценти, колку што штити хируршка маска ако не е врзана околу ушите.
По овие истражувања, Американскиот Центар за контролна болест ја донесе препораката граѓаните да носат две маски, хируршка и платнена преку неа, за да се намали ризикот од зараза со вирусот корона. Исто така, американскиот центар препорачува хируршката маска да биде цврсто прицврстена за лицето.
Најнова студија за коронавирус покажа: Маските блокираат големи капки за 99,9%
Тоа значи дека, доколку и заразена и здрава личност ја носат така наместена хируршката маска или платнена маска преку хируршка, изложеноста на вирусот е намалена за 95 отсто во однос на ситуацијата кога не носат маска.
Foto: Printscreen