ДВОЈНИКОТ НА ФРЕДИ МЕРКЈУРИ ВО ПАРК: Цело Скопје на концертот за "Квин"

Добивај вести на Viber

Скопјани го преполнија Градскиот парк, на концертот „Queen Simphony“ кој заврши пред малку. Настапи белградскиот двојник на легендата Фреди Меркјури со неговиот „Queen real tribute bend“, засилени со Македонската филхармонија и со хорот на МОБ. 

Кулминација на вечерта беше гостувањето на оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова во песната „Барселона“

Како на излет, фанови на легендарните британски рокери од сите генерации, седнати на трева, ладејќи се со пиво, уживаа во безвременските хитови на „Квин“. Кулминација на вечерта беше гостувањето на оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова, во улога на  шпанскиот сопран Монсерат Кабаље во дуетската песна со покојниот Фреди,  „Барселона“. Весна беше на нивото на нејзината шпанска колешка и собра најмногу аплаузи и овации од публиката. 

Најемотивен момент, очекувано беше евергринот "Bohemian Rhapsody“, кој публиката во еден здив го испеа со белградскиот Меркјури. Присутните на концертот ќарија вистинска вечер за уживање, а вакви настани, во Скопје треба да има што почесто. 

М.Џаровска