Животна училница // Приказни
Двор каков што секој би посакал: Погледнете го омиленото цвеќе на Андријана Јаневска
- 05 Ноември, 2024 10:47

Љубичиците се дефинитивно омилени цвеќиња на пејачката Андријана Јаневска.
Таа утринава сподели убавина од својот прекрасно уреден двор.
Наоколу зелена трева и дрвја, а тие - љубичиците му се насмевнуваат на денешното ноемвриско сонце и се печат на неговите силни зраци.
Пејачката Андријана Јаневска ужива во убавините на ова цвеќе, а погледнете како ги наредила на оградата во сите бои.
На љубичиците им требаат најмалку неколку часа индиректна сончева светлина секој ден за да цветаат. Ако не добијат доволно светлина, ќе изостане и цветањето.