Џеј Ло му го „цицаше“ животот, бил под стрес? Бен Афлек после разводот никогаш посреќен, фотките кажуваат сѐ
Се' уште се зборува за овој познат, сега веќе поранешен пар
Бурата околу разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште не стивнува. Тие и понатаму се главна тема како во медиумите, така и меѓу фановите, па се следи секој нивни потег.
И Бен Афлек се појави во јавноста, сам и со широка насмевка! Од ова може да се заклучи дека очигледно е задоволен од разводот со латино дамата и дека може да се каже дека „процвета“. Тој дури и не им побегнал на папараците, туку се насмевнал и им мавнал покажувајќи дека се чувствува прилично добро или барем добро го крие тоа.
LMFAOOO this is the first time i’ve seen him smile in a while… JLO was sucking the life out of him https://t.co/huAhOkHdbE
— kira (@kirawontmiss) August 26, 2024
Бен излегол надвор од својот дом во Лос Анџелес за да ја земе испораката што ја нарачал и изгледал расположен. Овие слики говорат дека врската со Џенифер била тешка, болна и стресна и дека тој сега продолжува сам, никогаш посреќен.
ФОТО: Инстаграм принтскрин