Џеј Ло официјално поднесе барање за развод на суд - и тоа на екстремно одмаздувачки начин! Ова е последниот удар што латино дивата го упати кон Афлек
По неколкумесечни шпекулации и превирања, Џенифер Лопез официјално поднесе барање за развод од Бен Афлек. Латино дивата тоа го направи без адвокат во вторник на 20 август, денот кога парот требаше да ја прослави втората годишнина од бракот. Дали тоа беше симболичен крај на една ера или последен удар за Афлек, само двајцата знаат.
Џенифер Лопез го наведе 26 април 2024 година како датум на разделба во правните документи, па останува нејасно зошто таа и Бен Афлек играа фарса пред јавноста, со оглед на тоа што и двајцата носеа бурми на јавни излегувања. Пејачката дури последен пат беше видена со бурма на раката пред само неколку дена.
Извори блиски до парот истакнаа дека парот немал предбрачен договор, што значи дека се што заработиле во изминатите две години се заеднички приход. Останува да видиме дали ќе има проблеми околу поделбата на имотот, а судејќи според новите информации - веројатно ќе има!
Имено, упатените ивори тврдат дека барањето за развод доаѓа поради нерешениот паричен проблем на сопружниците. Со месеци имаа тензични расправии обидувајќи се да се договорат, а одвреме-навреме целосно престануваа да комуницираат.
Извор неодамна изјави за „Us Weekly“ дека одлуката на холивудската ѕвезда да ја купи куќата го означила дефинитивното „затворање“ на врската. За Џенифер, која во тоа време сè уште бараше нов дом во Лос Анџелес, овој потег беше „убод во срце“.
Друг извор изјави за People дека таа сега бара „нов почеток“.
Да потсетиме, парот беше во брак од јули 2022 година, а сè до неодамна изгледаше како бајка - во февруари, Џеј Ло го објави документарниот филм „The Greatest Love Story Never Told“ во кој откри интимните детали за оваа двојка и нивните романтики. Тоа дури покажува како Афлек, дури и за време на неговиот брак со Џенифер Гарнер, ги чувал своите љубовни писма до Џеј Ло за време на нивната прва врска во раните 2000-ти.
Наводно, распадот на бракот бил предизвикан од ненаситната желба за слава и центарот на вниманието на латинската дива. Извор неодамна изјави за Page Six дека Лопез е бесна на Бен и понижена од разделбата.
„Ја понижи затоа што направи голема врева за тоа дека е љубовта на нејзиниот живот. Имаа две свадби пред неполни две години. Ова е некаков рекорд, тие не се деца, тие се млади луѓе“, нагласуваат блиски на актерката и пејачката.
Ова е четврти неуспешен брак на Џеј Ло, а на холивудскиот актер втор.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs