Џеј Ло промени три венчаници и не знаеме која е повеличенствена: Чинат и до 2 милиони долари и сите се WOW (ФОТО)
По интимната венчавка во Лас Вегас, Џенифер Лопез и Бен Афлек по втор пат разменија завети во неделата на раскошна церемонија за семејството и пријателите. Латино дивата сподели и фотографии од венчаниците кои ги носела на овој посебн ден за неа.
Прославената 53-годишна убавица за својот голем ден сменила дури три креации, а сите три се волшебни и многу луксузни.
Главната венчаница ја потпишува познатиот бренд Ралф Лорен, а се работи за модел кој ја следи линијата на телото до колена, по што се проширува во огромен шлеп полн со ситни рифли долги неверојатни шест метри.
Оваа креација ја краси и рол јака, и проѕирна ткаенина со бели сатенски копчиња на задната страна, а Џеј Ло го комплетираше изданието со долг бел вел, бидермаер од бели цветови и бисерни обетки.
Новопечената г-ѓа Афлек подоцна се пресоблече во поедноставна, но сепак неверојатна венчаница без ракави со длабоко деколте украсено со ситни циркони. Оваа креација имаше и шик вел налик на качулка, а пејачката носеше и дијамантски обетки.
За крај на големиот ден, Џенифер избра уште една спектакуларна креација, овој пат во шампањ боја. Фустанот, како и претходните два, ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината фигура на песочен часовник, а во целина е проткаен со мониста и бисери.
Кажете ни во коментар - која венчаница најмногу ви се допадна?
ФОТО: OnTheJLo.com / screenshot