Џенан Лончаревиќ доживеа сообраќајна несреќа во Црна Гора

Автомобилот што го возел се превртел

Пејачот Џенан Лончаревиќ вчера доживеал сообраќајна несреќа на автопатот во Црна Гора, во местото наречено Мрки Крш.

Како што истакнаа од полицијата, возилото со кое управувал пејачот се превртело.

- Возилото со кое управувал се превртело на автопатот околу 14 часот, кај Мрки Крш - стои во соопштението.

Џенан Лончаревиќ бил сам во возилото и не е повреден.

Извор: www.blic.rs