Џенифер Анистон открива што да јадете наместо тестенини
Многу стручни лица тврдат дека нашиот изглед 90% зависи од нашата исхрана. Поради тоа актерката Џенифер Анистон изгледа прекрасно.
Џенифер ги обожава тестенините, но овој порок успева да го замени со тиквички или домати, подготвени како паста.
Нејзиниот појадок е обилен и богат со хранливи состојки. Во подготовка на својот појадок почитува три правила.
1. Понекогаш сака да измеша банани, протеински прав, бадем, какао и бадемово млеко.
2. Друг ден подготвува јајца , авокадо и тост леб
3. Трета опција се овесните јадења
Клуч на нејзиниот изглед е и баланасот на исхраната во текот на целата година. За време на празниците, таа вели дека нема опуштања.
Од друга страна, таа препорачува да се јаде повеќе органско овошје, помалку шеќер, повеќе вода и повеќе сон.