Џенифер Лоренс е лицето на новиот DIOR женски парфем.. Новата прекрасна креација од Dior која е со потпис на Francois Demachy, креаторот на парфеми на Dior, таа ја дополнува со својата прозрачна убавина и животна радост.
Мирис кој досега не е направен, моќен универзум кој го означува почетокот на нова ера за мириси од Куќата на Dior.
Природен талент со впечатливо присуство и енергија која се чувствува во просторот, добитничка на Оскар, Џенифер Лоренс е една од најталентираните актерки во Холивуд.
Во низата признанија е вклучена и улогата во последното остварување на Дарен Аронофски, насловено „Моther“, како и нејзината улога во филмот на Францис Лоренс „Red Sparrow“.
Во 2016 година, Лоренс ја доби четвртата номинација за Оскар и третата номинација за Златен Глобус за нејзината изведба во филмот на Дејвид О. Расел, „Joy“
Ова ја одбележа нејзината трета по ред соработка со режисерот, продуцент и сценарист. Тие претходно заедно работеа на „Аmerican Hustle“ и на „Silver Lining Playbook“, за чија улога беше наградена со Оскар за најдобра актерка.
Таа го доби своите први Оскар, Златен Глобус и САГ номинации за улогата од 2011 на сиромашна тинејџерка во драмата од независна продукција – Winter's Bone.
Лоренс го доби светското внимание и признание за улогата на Katniss Everdeen, во светскиот мега хит серијал „The Hunger games“, поставувајќи ја на врвот на најплатена актерка на сите времиња во жанр акција.