Џоан Колинс поради еден детаљ е потполно непрепознатлива и подмладена: Овој трик ѝ помага на 89 години, а може да го искористи секоја жена
Фото: Profimedia
Славната Џоан Колинс (89) која одамна покажа дека убавината не ја ограничуваат годините, со еден детаљ драстично го промени својот изглед
Актерката поради таа „ситница“ изгледа уште поубаво и уште помладо. На нејзиниот Инстаграм профил е објавена фотографија од „новата“ Џоан Колинс.
Познатата Алексис од „Династија“ се откажа од својата добро позната фризура и се претстави со подолга, права коса со многу богат волумен. Веќе нема ни шишки, па нејзиното лице излезе во прв план.
Фасцинантната Џоан направила многу ефикасен чекор, кој може да го направат и многу други жени доколку имаат намера да променат нешто во својот изглед. Еве доказ за моќта на една фризура.
„Џоан, изгледаш толку младо“, „Косата ти е фантастична“, се согласуваат многумина на Инстаграм.
Извор: zena.blic.rs