Џоковиќ: Понекогаш се прашувам дали треба да се вклучам во политиката

Добивај вести на Viber

Најдобриот тенисер на светот за L’Ekip изјави дека секогаш се обидува да ја претстави својата земја во најдоброто можно светло

Новак Ѓоковиќ призна дека понекогаш се прашува дали треба да се вклучи во политиката или во некои други работи поврзани со тенисот, а не само со играта.

- Се' што правам, го правам совесно и одговорно, се вложувам самиот себе целосно. Не знам да ги правам работите до пола. Секогаш се обидувам да помагам и да ја претставам својата држава на најдобриот начин. Кога се среќавам со луѓе во Србија, разговарам со нив, но не сакам само да се ограничам на својата земја, да ја сакам само неа, а да ги мразам другите - вели Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер на светот истакнува и дека сака мир во светот, а на прашањето дали неговото словенско потекло има влијание врз неговиот карактер, вели дека сите ние имаме некаква генетска меморија.

- Постојат причини заради кои сме родени во одредено време и на одредено место. Моите корени влијаеле на мојот развој и на тенисот, секако. Растев за време на војна, под бомбите. Мора да се бориме два пати, за да станеме повторно и застанеме. На крајот, среќен сум што ги доживеав сите тие искуства, ама ова не би го кажал во тоа време, ќе беше одвратно - завршува Џоковиќ.