ДЗС И БОЛНИЦАТА АЏИБАДЕМ СИСТИНА ВЕЖБАА ЕВАКУАЦИЈА
Симулациска вежба за Згрижување и евакуација на болни, повредени, посетители и персонал на безбедно место, давање прва медицинска помош, противпожарна заштита и справување со елементарни непогоди, во саботата беше одржана во Клиничката болница Аџибадем Систина. Големата показна вежба е организирана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување , аво рамките на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за Југоисточна Европа - ДППИ ЈИЕ, со поддршка на противпожарната бригада на Град Скопје и со тимови на Црвениот крст на Град Скопје.
За време на показните вежби, коишто се состоеа од теоретски и од практичен дел, учесниците и вработените од Клиничката болница Аџибадем Систина се запознаа со планот за евакуација во случај на елементарна непогода, превентивните активности за заштита од пожари на објекти, прва заштита од пожари и со практичната примена на противпожарната опрема. Безбедноста и заштитата на персоналот и пациентите е еден од главните приоритети на Аџибадем Ситина, наведуваат во Клиничката болница.
„Целта на спроведување на акцијата е да бидеме сигурни дека персоналот во болницата е подготвен и дека може да одговори за време на кризни состојби од било кој вид. Преку оваа акција денес видовме дека персоналот е обучен на тој начин што може да биде поддршка на одговорните тимови (полиција, противпожарна заштита и други), може да преземе неопходни акции за евакуација на пациенти и нивните семејства или нивен пренос на безбедна локација. Кружниот тек на движење низ болничкиот простор овозможува лесен пристап до секоја точка низ болницата што е од голема корист, особено во време на кризни состојби. Просторот низ болницата е прецизно обележан на тој начин што овозможува непречено движење до соодветната локација.“, изјави Марјанчо Јаневски, командир на Единицата за заштита и спасување во Клиничката болница Аџибадем Систина.
Активностите кои што се превземаат првенствено имаат превентивно-едукативен карактер за заштита. Ваквите и слични вежби на определен временски период се дел од практиката на Аџибадем Систина секогаш подготвено да се одговори на различни предизвици.