Кој е подготвен да се чувствува убаво: Од 16 до 17 ноември во Капитол мол нѐ очекуваат денови посветени на нега на кожата
Секојдневно за сите, денот се намалува и станува сѐ пократок. Тоа не се должи на промената на часот туку на динамиката на модерното општество. Кога тоа изгубено време би можеле да го посветиме на себе, тогаш би ја имале енергијата за секој предизвик. Имајќи го ова во предвид, Капитол мол одлучи да ги врати овие изгубени часови во нашите животи, со тоа што ќе посвети два дена, сабота и недела, 16-ти и 17-ти ноември, на негата на кожата.
Минатогодишните активности на Дерма фест им овозможија на илјадниците посетители да одделат време за уживање и за негата на својата кожа. Влијанието кое го имаше овој настан оваа година се надградува. На #ДермаФест2 ќе им се посвети повеќе време на експерти од полето на дерматологијата. Овој викенд сите ќе можат да научат како да одвојат време за нега. Во склоп на настанот во петок од 17.00 часот организираме Beauty After-Work, каде секој со сметка од над 500 денари направена во Капитол мол во месец ноември ќе може да добие третман во живо. Третманите во живо ќе се одржат и во сабота 15.00 до 17.00 часот.
Време е за нега! Два дена посветени за вас и вашето уживање додека малите се забавуваат во детското катче и на забавните работилници посветени само за нив.
Овој викенд имате можност да одвоите време за себе, да слушнете корисни совети, да пробате нови третмани и козметика затоа што Капитол мол е место кое ви го нуди тоа.