East Gate Mall и групацијата LPP донираа матурски комбинации на социјално ранливи средношколци од Скопје

Добивај вести на Viber

East Gate Mall, дел од групацијата Балфинво соработка со групацијата ЛПП која ги застапува брендовите Reserved, Mohito, Sinsey, House и Cropp и граѓанската организација „Конект“, успешно ја реализираше иницијативата за поддршка на социјално ранливи ученици во престојната матурска сезона.

Матурските прослави се време на голема возбуда и исчекување за многу средношколци, меѓутоа финансискиот товар за купување на облека може да биде значајна пречка за учениците чиишто родители немаат финансиски средства и припаѓаат на социјално загрозена категорија на граѓани. Препознавајќи го овој предизвик, East Gate Mall заедно со портфолиото на брендови коишто групацијата ЛПП ги менаџира во трговскиот центар, обезбеди матурска облека за 10 средношколци од Скопје, грижејќи се секој ученик да ја доживее магијата на матурската вечер.

Станува збор за целосни комбинации од петте брендови, кои беа внимателно избрани за да ги задоволат различните вкусови на десетмината ученици и секој да го пронајде својот стил за соодветно да ја прослави матурската вечер.

„ЛПП како општествено одговорна компанија е свесна дека постојат деца на кои им е потребна нашата помош. За таа цел, како дел од акцијата наменета за матурантите, организирана со East Gate Mall и Конект, обезбедивме нова облека за 10 средношколци од Скопје кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Тука не завршува нашата заложба, ние остануваме посветени на заедницата и како компанија ќе продолжиме да придонесуваме за подобра иднина на сите. И би сакала да упатам голема благодарност до извршниот директор на East Gate Mall, господинот Игор Давков, кој придонесе за реализација на оваа кампања“ – изјави Олга Јосевска, извршен директор на групацијата ЛПП за Македонија, Косово и Албанија. 

Покрај обезбедувањето на донацијата, од клучна важност беше и таа да стигне во вистинските раце и онаму каде што е навистина потребно. Во оваа соработка се вклучи граѓанската  организација „Конект“, која работи на стратешка филантропија и одигра клучна улога во поврзување на донаторите со младите средношколци и граѓанскиот сектор, сѐ со цел создавање на позитивно влијание во општеството. 


„Компаниите веќе одамна не се набљудувачи на проблемите во општеството, туку се активни чинители во решенијата на проблемите на граѓаните. Преку проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ нашиот сервис „Конектирај се“, поврзува компани со граѓанските организации во заенички влијателни иницијативи како оваа. Беше задоволство да го олесниме процесот на соработка и да посведочиме на ентузијазмот на вработените East Gate Mall, ЛЛП, активистите и граѓанските организации Ромски ресурсен центар, Љубезност и Ways2Help. Заеднички работеа и од срце се вложија за на нашите средношколки и средношколци, кои се со помалку можности, дотерувањето да им биде еднакво задоволство како и на другите. Да донираш е љубов, затоа инспирирајте и други!“ -  изјави Виктор Мирчевски, програмски директор на„Конект“.

Кампањата за донираната облека игра витална улога во сигурноста дека секој матурант има можност да се чувствува самоуверено, стилски и да ја прослави матурата исто како и своите соученици.

„Навистина ни е драго што направивме соработка со групацијата ЛПП и Конект со кои барем за момент, направивме значајна разлика во животот на младите поединци од нашата заедница. Ниту еден ученик не треба да ја пропушти можноста да ја прослави соодветно својата матура поради финансиски ограничувања. Оваа година, освен тоа што, благодарение на сите продавници во нашиот трговски центар овозможивме одлични понуди за посетителите, одлучивме да направиме и нешто повеќе, затоа што сме свесни дека има и деца на кои им е потребна нашата помош. Разгледувајќи ги сите можности, сфативме дека донацијата со ЛПП и Конект е вистинскиот избор“ – вели Игор Давков, извршен директор на East Gate Mall.

Целта на оваа иницијатива беше да се создадат трајни спомени на десетмината младинци кои ќе ги негуваат целиот свој живот.  Од трговскиот центар велат дека оваа иницијатива ќе ја продолжат и следната година и идејата е таа да прерасне во традиција.

„Секогаш е задоволство да се работи со млади луѓе пред кои е целата иднина, особено кога можеме да помогнеме барем на некој начин да ги надминат социјалните предизвици и да ги доживеат младешките искуства без товарот на финансиска грижа за нив и нивните родители/старатели. Исто така, охрабрува желбата и иницијативата на бизнис секторот да покаже социјална одговорност и алтруизам на дело, и тоа да го направи во соработка со граѓанскиот сектор кој одблизу работи со овие групи на граѓани. Ми беше чест, заедно со Конект, да разговараме за идните предизвици и да одбираме облека со матурантите и матурантките кои ги мапиравме со помош на организациите Ромски ресурсен центар, Љубезност и Ways2Help. Нивната енергија и полетност се надевам по матурирањето ќе ги однесе во храбри авантури во кои гордо ќе чекорат“ – Александра Спасеска, граѓанска активистка.

Дополнително за фризурата на матурантите се погрижи фризерското студио Дарон, а за шминката Fabu Spot кои исто така се дел од брендовите кои се присутни во трговскиот центар.

ПР објава