ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Добивај вести на Viber

Со средствата ќе се поддржи инклузивноста на младите и ќе се промовираат зелените инвестиции

Донатори :  Програма Млади во бизнис – Шведска, Италија, Луксембург

Програма за зелено финансирање – Заеднички фонд за одржлививи и развојни цели на Обединетите Нации и Владата на Република Северна Македонија,преку Развојната Програма на Обединетите Нации.

·2 милиони ЕУР кредит од Програмата за поддршка на млади во бизнисот со поддршка од Шведска, Италија и Луксембург

·7 милиони ЕУР кредит од Програмата за зелено финансирање на Банката наменети за инвестиции во обновлива енергија од страна на малите и средни претпријатија

·Програмата за зелено финансирање е поддржана од Заедничкиот фонд за одржливи и развојни цели на Обединетите Нации и Владата на Северна Македонија под покровителство на Развојната Програма на Обединетите Нации 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка.

ЕБОР одобри 2 милиони ЕУР од Програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за прв пат застапена во Северна Македонија, а со неа ќе се поддржат локалните микро, мали и средни претпријатија (ММСП), кои се во сопственост или управувани од претприемачи под 35 години.

Церемонијата за потпишување на договорот со ПроКредит банка од Програмата Млади во бизнис, се одржа во рамки на настанот организиран од ЕБОР, каде беше промовирано претприемништвото кај младите, а каде учество земаа Народната банка на Република Северна Македонија, претставници од Владата, комерцијални банки, младински организации, стартапи и акцелератори.

Неодамна лансираната Програма за Млади во бизнис, наменета за шесте економии на Западен Балкан, е креирана за младите претприемачи, кои имаат ограничен пристап до финансирањето и советодавните услуги. Во наредниве пет години, Банката планира да додели до 100 милиони ЕУР во регионот, преку локалните партнерски банки, како и преку не-банкарските институции под Програмата за Советодавни услуги за мали бизниси.

Советодавната поддршка и гаранциите поврзани со Програмата МвБ се поддржани од Владите наШведскаИталија и Луксембург.

Средствата во износ од 7 милиони ЕУР од Програмата за зелено финасирање(GreenFinanceFacility- GFF) ќе се одобруваат на локалните мали и средни претпријатија (МСП). Покрај потребното кредитирање на домашните бизниси, ќе се доделуваат и грантови (до 10 отсто од износот на заемот) за поддршка на инвестициите во обновливи извори и енергетски ефикасни технологии.

Фондовите за техничка соработка под оваа програма ќе бидат наменети за  локалните банки кои се заинтересирани да финансираат и за локалните бизниси кои ќе имплементираат зелени проекти. Оваа комбинација на кредити и грантови е обезбедена од Заедничкиот фонд за одржлививи и развојни цели и Владата на Северна Македонија под покровителство на Развојната Програма на Обединетите Нации. Програмата за зелено финансирање е заедничка иницијатива на ЕБОР, Развојната Програма на Обединетите Нации и Владата на Северна Македонија. Таа обезбедува пристап до достапно зелено финансирање за малите и средни претпријатија, како и пазарни, но до сега не покриени групи на поединци и домаќинства, кои сакаат да инвестираат во обновлива енергија и енергетски ефикасни решенија, придонесувајќи кон намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот.

Откако Северна Македонија се приклучи кон ЕБОР во 1993 година, Банката до сега има инвестирано над 2,6 милијарди ЕУР во 180 проекти, од кои скоро половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е да поддржи конкурентност, зелена транзиција и понатамошна интеграција во регионалните и глобалните пазари.

пр објава