Еден збор кој Пријовиќ ѝ го упати на Брена, шокираше: Некои жени сепак ја разбираат - „И јас го правам истото по 10 години брак“

Добивај вести на Viber

Александра Пријовиќ не престанува да воодушевува...

Трите концерти кои Александра Пријовиќ ги одржа во Арена предизвикаа многу коментари, а пофалбите не само за песните, туку и за стајлингот и однесувањето на младата пејачка.

На социјалните мрежи се огласија бројни колешки кои присуствуваа на спектаклите - Цеца Ражнатовиќ, Илда Шаулиќ, Ана Севиќ, Маја Беровиќ и многу други ги пееја хитовите на Прија со неа. Со неа беше и нејзиното семејство - мајка и татко, сопруг и син, свекрва Зорица Накиќ, баба и дедо.

Заедно со селфито со публиката кое Александра го објави на Инстаграм, членовите на естрадата додадоа многу позитивни коментари, а таа емотивно и се заблагодари на Лепа Брена која и даде поддршка на самиот концерт.

Еден збор, сепак, беше доволен за да се добијат многу прашања поради оваа објава.

„Сакам“, напиша Брена под објавата на Александра на Инстаграм со бројни емотикони на срце, а Прија одговори: „И јас вас“, означувајќи ја Лепа Брена покрај коментарот. Многумина се изненадија - можно ли е младата пејачка се уште да ѝ персира на Брена, иако со години е во брак со Филип Живојиновиќ?


Сепак, повеќето жени одговориле дека тоа е сосема разбирливо. „И јас и персирам на свекрва ми по седум години“, „Подобро да и персирам отколку да и викам мама“, „И колешката го прави тоа, а таа е во брак 35 години“, се некои од коментарите.

Колегите и обожавателите на Александра често истакнуваат дека им се допаѓа однесувањето на Александра. “Браво Алекс. Прашање на време беше кога ќе го постигнеш овој триумф. Твојата скромност, трудољубивост, талент и трпение се наградени на најубав можен начин. Уживај во тоа гордо“, и напиша Жика Јакшиќ.

Што мислиш, дали е во ред снаата да и персира на свекрвата и од што зависи тоа? Повеќе слики од концертите на Александра погледнете во галеријата.