Единствената принцеза која смее да го носи ова: Шарлин од Монако ја разбранува Европа во проѕирна кошула и постави нов моден предизвик
Принцезата Шарлин присуствуваше на свеченото отворање на продавница за луксузни часовници во Монте Карло.
Принцезата Шарлин од Монако привлекува внимание на секој чекор, а со оглед на тоа што нејзиниот брачен живот е полн со мистерија, не е чудно што нејзиното однесување, мимики и движења постојано се анализираат.
Ова е нејзино прво појавување откако присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора.
Луксузниот бренд Zegg & Cerlati е еден од омилените на принцезата, па токму таа беше поканета официјално да ја отвори нивната нова продавница во срцето на Монте Карло.За оваа прилика принцезата избра комбинација за која многу се зборуваше. Имено, таа носеше специјално дизајнирана проѕирна кошула од италијанскиот дизајнер Brunello Cucinelli. Ова парче моментално нема залиха и претходно достигна цена од 3.594 фунти. Кошулата има раширена јака, скриени копчиња и долги ракави кои заедно претставуваат совршена елеганција.
Шарлин ова го усогласи со широки панталони од споменатиот дизајнер, а нивниот крој кој наликува на здолниште е специфичен и заедно со ременот прави принцезата да биде забележана. Принцезата привлече многу позитивни коментари за својот изглед, а еден од нив беше дека таа е единствената која може да носи вакво нешто и да го носи со стил.
Инаку, ова е специфична комбинација бидејќи „најтажната европска принцеза“ никогаш не носела такви парчиња.
извор:GLOSSY