Една година Машки магазин!
Мисијата на единствениот машки магазин не е завршена, но тргната е во добра насока. По една година на медиумскиот простор, Машки Mагазин ги постави темелите на концептот за дефинирање на стандардите и интересите на модерниот маж. Една година на македонскиот пазар претставува аргументиран повод за одбележување и прослава на речиси пионерскиот потфат за креирање и продуцирање на првиот магазин наменет за мажите.
Прославата на едногодишното постоење се одржа во хотелот Парк, со симболика и во самиот термин на случување -13 февруари, со почеток во 13часот. Во духот на симболиката на надминување на предрасурите и стереотипите за бројот 13, годишнината на М Магазин во пријатниот амбиент на ресторанот Four собра на едно место личности од сите сфери на јавниот живот во Македонија, кои со својата работа промовираат една урбана култура на живеење.
Меѓу гостите беа луѓето кои во изминатата година беа застапени на страниците на магазинот, но и пријатели од светот на уметноста, културата, бизнисот, дипломатијата, спортот, модата... кои со своето присуство дадоа поддршка и доверба во иднината и развојот на М Магазин.
На матине-прославата, главниот уредник Виктор Кошевалиски ги поздрави гостите и истовремено најави еден нов проект во организација на магазинот. Прославата на годишнината на Машки Магазин, всушност претставува своевиден вовед за една традиција. На 15 март 2019, во МНТ ќе се одржи првиот “ММаж на Годината”, во организација токму на Машки Магазин.
За првичното издание на овој проект, предвидени се петкатегории во изборот: Маж на годината (Гран при), Маж Урбан, Маж бизнисмен, Маж-спортист на годината и Маж кој оставил белег во културата во изминатава година. За главните награди ќе одлучува 15-члено жири составено од редакцијата на Машки Магазин, но и десетина релевантни личности од јавниот живот: Виктор Кошевалиски, Снежана Богдановска -Сани, проф. Филип Фидановски, ИФББ Про Мирко Петровски, Влатко Кошевалиски, Тања Кокев, Иво Јанковски, Чедо Поповски, Олга Костовска, Зоран Петров, Младен Ѓуровски, Радмила Павловска, Сретен Костиќ и Изет Цури. Покрајглавните категории предвидени се и награди за кои ќе се одлучува во соработка со други медиуми. За категоријата Најпосакуван маж од жените, Машки Магазин ќе одлучува во соработка со магазинот Убавина и Здравје, додека Жена по избор на мажите ќе сеизбира заедно со веб страницата www.mmagazin.mk. Изборот на Автомобилотна Годината за вистинскиот маж ќе го направи сестринската редакција Авто Плус. Меѓу ревијални награди е и изборот на Странец во Македонија. Подготовките и гласањето за изборот за вистинските мажи за оваа година за почнуваат од 15 февруари, а ќе траат до денот на одржувањето на манифестацијата -на 15 март, кога на еден мултимедијален гала настан во МНТ ќе бидат доделени престижните статуетки.