Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Добивај вести на Viber

„Никогаш не претпоставував дека по 6 години макотрпен и болен пат со колкот, ќе живеам еве веќе една година активно, како нов човек, кој живее совршен живот без болки и какви било пречки“ – вака ја започнува својата емотивна исповед 30-годишната Менче, на која пред само една година ѝ беше изведена операција за целосна замена на колкот.

Таа објаснува дека да живееш со континуирана болка е навистина тешко, особено кога се работи за млад човек, кој е постојано во динамика и движење. За среќа, таа ја имала можноста да се ослободи од болката, благодарение на вештите раце на проф. д-р Виктор Камнарина посветеноста на целиот тим на сестри и помошен персонал од „Аџибадем Систина“.

„Сѐ некако бргу и лесно се одвиваше за време на целиот постоперативен тек. Додека лежев во болница, бргу застанав на нозе, си заминав со една штака само поради тоа дека така треба. Инаку, можев да газам нормално на двете нозе без какви било болки и слично. Потоа си продолжив со физикална во ‘Аџибадем Систина’ и сѐ се одвиваше добро. Ме вежбаа, ми ставаа струи и сѐ направија за да можам повторно нормално да одам. По една година, јас не го чувствувам колкот како туѓо тело, толку многу ми ‘легна’ што дури и ми е несфатливо како, бидејќи можам буквално сѐ да правам. Почнав континуирано да вежбам и активно да трчам по 5-6 километри и тоа ме прави навистина среќна и исполнета. Целта ми е да се пријавам и на маратон“ – вели Менче.

Проф. д-р Виктор Камнар објаснува дека се работи за сложена интервенција, која се изведува со минимално инвазивен пристап, а комплетно излекување е возможно само со вградување на вештачки импланти.

„Со минимално инвазивен хируршки пристап, со цел зачувување на мускулатурата и следење на анатомијата и геометријата на зглобот на колкот, се постави вештачки имплант со правилна биомеханичка поставеност и стабилност. Оштетувањата на сите зглобови, вклучително и на колкот, кај ваков тип хронични заболувања се многу честа појава и комплетно излекување е можно само со вградување на вештачки имплант“ – објаснува проф. д-р Камнар.

По интервенцијата, следувал и процес на рехабилитација. Благодарение на стручниот тим и желбата за брзо закрепнување на Менче, сѐ се одвивало во најдобар ред.

„Сакам јавно уште еднаш да му се заблагодарам на доктор Виктор Камнар за експертизата и стручноста што ја спроведе на дело и направи прекрасна операција. Бидејќи без него јас немаше да можам да одам, да постојам и да живеам. Му благодарам од сѐ срце! Исто така, сакам да изразам и благодарност до прекрасниот медицински тим на ‘Аџибадем Систина’, кои беа неуморни и достапни 24/7 додека престојував во болницата и на мојата докторка од физикална, Аница Хаџи-Петрушева и физиотерапевтот Дејан Парцанов, кои направија сѐ за да се вратам во нормала и повторно да одам нормално и правилно. Им благодарам на сите до еден!“ – сподели таа.

ПР објава