Една од најинтелигентните актерки „уловена“ во непрепознатливо издание: Има 65 години, а нејзиниот изглед загрижи многумина

Боса и со марама околу главата, една од најубавите, но и најинтелигентните жени на светот за многумина практично беше непрепознатлива! 


Џина Дејвис (65) е една од најпаметните и најубавите жени на светот, а овие денови папараците имаа ретка можност да ја фотографираат токму во времето кога се планира прослава за три децении од премиерата на класиката „Телма и Луиз“, каде глумеше со Сузан Сарандон. 

Џина зад себе има блескава 40-годишна кариера, а мајка е и на три деца. Многупати била критикувана затоа што доби деца во подоцнежните години - ја доби ќерката Ализа на 46 години и близнаците Кијан и Каиса кога имала 48 години.

- Мислам дека имам среќа што ги добив толку доцна бидејќи имав многу време да се променам и созревам. Да ги добиев кога бев помлада, ќе бев таа ужасна мајка која постојано се меша во животот на децата – изјави актерката за Гардијан. 

За време на интервјуто таа се присети на многу други предрасуди со кои се соочила, меѓу другото и поради нејзината интелигенција и висина. 

„Момчињата не сакаа ни да ме погледнат. Првиот пат кога едно момче ме покани на состанок беше трета година во средно училиште, а потоа си помислив „Тоа е тоа, сега ќе почнам да излегувам“. Но, никој повеќе не сакаше да излезе со мене. Ни тоа момче, ниту било кој друг“, се пожалила Џина, која завршила гимназија во Шведска, каде висината од 183 сантиметри и коефициентот на интелигенција од 140 не им пречеле на млади мажи таму, за разлика од младите момци во Масачусетс. 


Фото: Профимедиа