Едноставна и шик: Стилот на Магдалена Ена Цветкоска
Магдалена Цветкоска - Ена е девојката од Тетово која се прослави со учеството на М2 потрага по ѕвезди на кое освои прво место и со тоа стана дел од групата 4Play.
Тогаш имаше само 16 години, а со групата која не траеше долго зад себе оставија неколку големи хитови кои и денес се вртат на македонските радиа, а нема човек што не знае барем еден нивен рефрен.
Со својот моќен и специфичен вокал Ена продолжи и самостојна кариера.
Цветковска низ годините живееше со музика, и иако порасна во преубава девојка, секогаш остана доследна на својот едноставен стил.
Со нејзиниот брат Лазар Цветкоски во моментов се еден од најангажираните креативни тандеми на домашната сцена. Таа како текстописец, а тој како композитор- се креаторите на едни од најголемите хитови на македонската музичка сцена.
Повторно се доловува едноставноста во нејзиниот стил, а особено се истакнува нејзината бујна секогаш средена коса.
И очигледно кога станува збор за омилено парче на пејачката, би се заклучило дека тоа се кратки панталони со кои прави едноставни, но тренди комбинации.