„Едноставно ми го отежнува животот“: Тешка исповед на мајка која жали бидејќи родила второ дете

Родителството бара многу, но ретко кој може да го разбере тоа додека не се најде во таа улога. Непроспиени ноќи, изливи на нервоза, одбивање храна, никнување на заби, кавги меѓу браќа и сестри... списокот е предолг, а сето тоа изгледа како на напорниот ден да му нема крај.

Тоа може да биде навистина исцрпувачки, а признанието на една мајка која зажаила што родила второ дете е посебно тешко.

Таа напишала на родителски форум и откри дека има две деца, едното на возраст од 6, а другото од 8 години.

„Дали сум неразумна што се каам што имам уште едно дете?“ , ја започнува својата тешка исповед, а потоа додаде дека уште едно дете и го отежнува животот.

Открила дека нејзиното постаро дете има златно срце и е многу зборливо, додека помалото е сосема поинакво.

„Помладиот е друга приказна. Подмолно, итро, го малтретира постарото дете, ни одговара на лош начин, лаже и мами“, напиша таа во својата објава, а потоа додаде повеќе детали:

„Вечерните оброци траат со часови. Одбива да јаде 90 проценти од тоа што го нудам и покрај тоа што го јадеше и велеше дека е највкусно. Постојано ми пркоси, крие слатки во својата соба. Го сакам моето помало дете толку многу, но јас сум на работ. Бев на прагот да му кажам дека посакувам никогаш да не го родив. Се чувствувам како најлошиот родител“.

Рекла дека чувствува голема љубомора кога ќе види други семејства со повеќе деца кои се среќни и дека и е неверојатно жал што не го чувствува истото.

„Бев среќна кога се роди помладото дете, толку среќна. Мислев дека нашето семејство конечно е комплетирано, но ако можам да се вратам назад, не сум сигурна дали ќе го направам тоа. Тоа само ми го отежнува животот“, истакнува , додавајќи дека нејзиниот сопруг отсуствува неколку ноќи во неделата поради работа и немаат никаква помош од поширокото семејство, па таа сама се справува со децата.

Она што е уште поинтересно е што нејзиното помало дете на училиште се однесува сосема пристојно и поинаку во однос на однесувањето дома. Таа побарала совет од корисниците на форумот, а еве што и кажале.

Звучи толку тешко. Како да ти треба малку време за себе. Дали можеш некако да си дозволиш некој да чува бебиња час или два и да ги прошета а ти да одмориш? Навистина мислам дека многу би помогнало да имаш малку простор и за самата“, предложи една мајка.

„Се прашувам дали претеруваш во некои работи затоа што си толку исцрпена? Работите како хранењето никогаш не треба да бидат битка. Ако не сака да јаде, тоа е во ред и не треба да има борба со сила и волја од двете страни“, додала друга, а трета имаше сличен совет:

„Се согласувам дека мора веднаш да се повлечете во врска со храната, бидејќи тоа е преголема битка. Притискањето на детето да јаде само ви го отежнува животот на сите вас“.

Дали мислите дека оваа мајка претерува?