Едноставна торта со кокос: Вкусен рецепт кој се прави за час
Едноставна и брза торта со кокос, која може да ја направите и доколку немате премногу време за правење десерти, бидејќи ќе биде готова за час.
Состојки за пандишпан:
4 јајца
1 шолја млеко
1 шолја масло
1 чаша брашно
Состојки за фил:
1 шолја кокосово брашно
Глазура:
70 гр чоколадо за готвење
2 лажици масло
Подготовка:
Прво подгответе ја смесата за кората. Јајцата, шеќерот, брашното, маслото, млекото, прашокот за печиво и какаото се матат со миксер. Загрејте ја рерната на 200 степени. Половина од смесата за кората истурете ја во намастена тава и печете 10 минути.
Додека се пече кората, сварете го млекото со шеќерот, па кога ќе зоврие додадете ги гризот и ванилиниот шеќер и варете додека не се згусне. Тргнете ја тавата од шпоретот, додадете го кокосовото брашно и сè убаво измешајте.
Кога кората е половина испечена, извадете ја тавата од рерна и прелијте ја со филот. Другиот дел од смесата за кора прелијте го врз филот, па вратете ја тавата во рерна и печете уште 20 минути.
Извор: telegraf.rs
*ПР објава