Ефекти на Бета Глуканот врз имуниот систем

Добивај вести на Viber

Имунитетот е клучниот фактор на нашиот успех и здравје. Ако е ослабен, тогаш честите болести не можат да се избегнат и во детството и во зрелоста. Затоа треба да размислиме за зајакнување на имунитетот на телото пред да се појават какви било проблеми. Имунитет во превод од латинскиот јазик значи „да се ослободиме од нешто“. Човечкиот имунолошки систем е сложен механизам кој го штити организмот од разни болести и нарушувања на неговите физиолошки функции. Може да биде вроден, односно кога постои почетна отпорност на некој вид заболување или негативен надворешен фактор. Исто така, постои стекнат имунитет кој се создава во текот на животот на човекот и трае со децении, а понекогаш и до крајот на животот. Постојат уште два вида на имунитет: специфичен и неспецифичен. Во првиот случај се произведуваат специјални супстанции кои можат да се справат со специфична болест, а во вториот случај телото испушта имуноглобулин и интерферон, кои се користат во борбата против кој било микроорганизам.

Имунитетот делува како систем за безбедност. Тој истражува сè што влегува во телото од надворешниот свет или она што е внатре. На најмал аларм, борбата започнува со натрапникот, односно вирусот или бактеријата, габите или паразитите. Тој дава се од себе да ги неутрализира и да ги отстрани од телото. Имунолошкиот систем влијае на целото човечко тело на клеточно ниво, а него го обезбедуваат специјални органи и ткива:

·  Коскена срж – вклучена во процесот на хематопоеза (создавање на крвни клетки);

·  Слезината – исто така одговорна за формирање на крв и се наоѓа во абдоминалната празнина;

·  Лимфни јазли – лоцирани на раскрсницата на лимфните садови, реагирајќи на какви било воспалителни процеси и инфекции;

·  Тимусна жлезда, која е главен орган на имунолошкиот систем, сместена во горниот дел од градите.

Кога овој систем работи совршено, честопати и не знаеме дека сме биле под дејство на причинител за инфекција – организмот брзо го уништува причинителот и со тоа не дозволува да се развие инфекција. Но, често пати тој затајува. Или се среќава со дотогаш за него непознат противник за кој нема подготвено одбрана или самиот систем е ослабен под дејство на надворешни фактори (нередовна и небалансирана исхрана, слаба физичка активност, пушење, алкохол, стрес, недоволен сон и одмор итн). Како прв знак за падот на имунитет е чувството на исцрпеност, слабост, умор, недостаток на енергија и кога не сме биле изложени на поголем физички или ментален напор. Тоа е сигнал дека на нашето тело му треба помош и поддршка во одржувањето и зајакнувањето на неговата одбрана. За среќа тука се бројните природни имуномодулатори. Супстанциите кои преку нивниот механизам на дејствување го зајакнуваат имунитетот и со тоа ја зголемуваат отпорноста на организмот и неговата ефикасност во одбраната од туѓите штетни влијанија се нарекуваат имуномодулатори.

Кога се работи за јакнење на имунолошкиот систем на природен начин, бета глуканот секогаш се наоѓа на врвот. Но, бидејќи нашето тело не го произведува, најдобар начин тој да се внесе во организмот е од надворешни извори, како што се пивски квасец, шитаке печурки и житарки, првенствено јачмен, овес, рж и пченица или преку додатоци во исхраната кои го содржат во значајни концентрации. Потврдено е дека бета глуканот делува како имуномодулатор, што значи дека активира каскада од настани кои ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем и така го прават поефикасен. Тој е добро познат по неговите својства за зајакнување на имунитетот како резултат од неговата способност да го поттикнува активирањето на макрофагите (клетки за имунолошки одговор кои што ги уништуваат патогените заканувачките микроорганизми и ги поттикнуваат другите имунолошки клетки на одбрана на организмот). Бета глуканите работат на стимулација на формирање на коскената срцевина, а со тоа се активира и производството на леукоцити и тромбоцити одговорни за борба против инфекции. Освен тоа, бета глуканот ги стимулира и белите крвни зрнца (лимфоцитите) кои се врзуваат за туморите или вирусите и ефикасно го уништуваат. Бета глуканите индиректно го зголемуваат ослободувањето и засилената активност на ензимите: лизозимот, еластаза, колагеназа и ослободувањето на цитокини. Сето ова придонесува за побрз и посилен одговор на организмот на патогени што е докажано со зголемена отпорност на организмот на инфекции, но и намалување на симптомите и побрзо закрепнување на постојните инфекции. Бета глуканот и неговите имунолошки својства се исто така добри против симптомите на настинка, грип и респираторни инфекции на горниот респираторен систем предизвикани од вируси. Тестовите покажаа дека глуканите помагаат во ублажување на симптомите на овие болести и му помагаат на организмот да се справи со вируси па дури и бактерии отпорни на антибиотици. 

Голем број на студии се занимаваат со проучување на имуномодулаторни ефекти на 1,3/1,6 бета глукан и засега потврдуваат дека најактивна форма е 1,3/1,6 бета глукан добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец, поточно тој е оној кој има антибактериски и антитуморни својства. Бета-глуканската активност започнува уште од 24 до 72 часа по ингестијата, па има смисла да се земаат бета-глукански производи и кога симптомите се веќе присутни, а не само превентивно.

М-р по фармација Кирил Пецевски