ЕГЗОТИЧНО ОВОШЈЕ, РИЗНИЦА ОД ВИТАМИНИ: Успева во Македонија, но оние кои го саделе имале потешкотии да го продадат

Добивај вести на Viber

Киваното е егзотично овошје кое го нарекуваат ризница од витамини. Дел од македонските граѓани го саделе, кажуваат дека лесно се одгледува, има богат род, но немало кому да го продадат затоа што народот се фокусира на купување на овошјата и зеленчуците кои се користат овде со генерации. Оние кои засадиле кивано, велат дека го консумирале за сопствени потреби, го подарувале, нуделе семиња на другите и слично.

„Корисно е, ама не се продава. Изгледа не знаат луѓето за него. Нема некој бум. Им понудив на неколку пазарџии, не сум голем прозводител, но не сакаа да ги земат. Потоа ги подарив на луѓе, онака за без пари. Од еден корен, раѓа и 50 парчиња. Садев пет-шест години. Плодовите траат неколку месеци, потоа презреваат и скапуваат. Можеби е до начинот на чување, затоа што имав случај со едно беше оставено дома и траеше до мај, остана како украс. Другите максимум стојат до Нова година, до јануари. Сопругата на работа зборувала за киваното, купивме две-три коренчиња, засадивме и така почнавме. Годинава сепак не бидна. Дадов коренчиња на луѓето, тие засадија, сега  од нив ќе барам семе, односно догодина ќе видам дали и ќе засадам. Има многу интересен вкус. Здраво е како што читав од литературата. За растење не му треба ништо посебно, освен вода, нема прскање, хемикалии не требаат. Го засадив, му пуштив систем капка по капка и како зелено исто така може да се користи за во туршија. Се бере кога ќе падне слана, а од еден корен, ги броев,  имав 50 парчиња. Годинава мислам дека од жешкото не успеа“, вели Рубин Бошевски, кој садел кивано.


Подетално, читајте на Фактор тука.