Einhell конечно во Македонија!

Добивај вести на Viber

Македонскиот водечки DIY бренд Електрометал, во годината кога прославува 70 години од своето постоење, покрај континуираниот раст и ширењето на мрежата на маркети ширум Македонија, успеа да донесе уште еден од водечките светски брендови на нашиот пазар.


Македонскиот пазар конечно го добива еден од водечките светски брендови! Производите на Einhell – германски бренд основан уште во далечната 1964 година, во месец март ќе бидат достапни во сите маркети на Електрометал ширум земјава.

„Македонските купувачи како и останатите ширум светот сакаат да добијат брендиран квалитет по разумна цена. Токму ова е мотото на Einhell и причината што тимот на Електрометал вложи огромни напори за да го донесе брендот на македонскиот пазар“ – изјави Иван Калинов, директор на малопродажба во Електрометал.

Палетата на Einhell во мрежата на Електрометал ќе вклучува: електрични алати, батериски машини, стационарни машински алати, опрема за заварување, компресори, тековни генератори, правосмукалки за суво и влажно чистење, перачи под висок притисок, одвлажнувачи, опрема за греење, тримери и косилки, моторни пили, косилки, дувалки за воздух, мото фрези и електрични фрези, собирачи на  лисја, кружни пили, потопни пумпи, градинарски пумпи, хидрофор пумпи, машини за  притисок на вода...

„Најважните фактори за успех на еден бренд се конзистентниот квалитет на производот и атрактивната политика за цените која се фокусира на одржливоста и упорноста. Производите на Einhell се присутни во 90 земји ширум светот. Брендот е еден од најбрзорастечките, а портфолиото вклучува преку 3.500 производи со врвен квалитет, кои го позиционираат брендот меѓу водечките DIY брендови во светот. Среќни сме што успеавме да го донесеме на македонскиот пазар и веруваме дека ќе ги исполниме основните желби на нашите клиенти, а тоа е премиум германски квалитет со разумна цена“ – додаде Калинов, кој е еден од луѓето кој стои зад амбициозниот проект на Елекрометал.

Електрометал, оваа година прославува 70 години од своето постоење и продолжува да го зацврстува своето место како лидер на домашната сцена. Покрај добропознатите маркети во Скопје (Маџари, Центар и најголемиот во Карпош 3 – веднаш до Skopje City Mall), мрежата на Електрометал во 2018 ја збогатија маркети во Чаир, Драчево, Велес, Прилеп и Штип, а во јануари 2019 беше отворен и маркет во Тетово.

„За да ги задоволмие апетитите на домашните купувачи, активно работиме на процес на проширување на мрежата на маркети низ целата земја. Презадоволни сме од почетниот фидбек во новоотворените маркети што ни дава позитивен сигнал дека ги влечеме вистинските потези.“ – изјави Александар Медарски, директор на малопродажните подружници, задолжен за проширување и развој на продажната мрежа на Електрометал.


 „Во 2019 година, имаме испалнирано отворање на маркети во Битола, Охрид, Струмица и Куманово, а наскоро ќе дознаете и за сите планирани активности по повод 70-годишнината од постоењето на Електрометал како бренд – нешто кое со радост ќе го дочекаат сите наши сегашни и идни клиенти.“