Еј, родители, ако од детето го очекувате само најдоброто-мора да го погледнете ова видео

„Дури ни робот не би можел да го направи тоа“.

На социјалните мрежи стана вирално видео од ученичка од основно училиште во Тијанџин, Кина како го моли нејзиниот татко да ѝ даде повеќе време за игра.

На видеото се гледа како девојката плаче додека разговара со својот татко .

„Со почит, може ли да ви поставам прашање?“, прашува таа со солзи во очите.

„Дали се однесувам лошо кон тебе? Дали имам некои слабости? Дали правам нешто погрешно? Што и да е, можеш да ми кажеш. Ќе се сменам, но ми треба малку слободно време. Не можам да го трошам целото време на учење. За да учам ми треба баланс помеѓу училиштето и приватниот живот. Дали разбираш? Веќе ја завршив домашната работа, сè направив, дали е проблем што сакам да играм?“, објаснува девојката.

После тоа, нејзиниот татко одговара: „Не, добро, можеш да играш, но не премногу долго“. Девојката се брани и објаснува дека секогаш легнува во 21 часот и никогаш не играла до полноќ.

„Неодамна беше добра“, признава нејзиниот татко.

„Неодамна? Бев добра секој ден!“, извикува таа.

Таткото понатаму вели дека нема големи очекувања од својата ќерка.

„Знам, но тоа што го бараш од мене, ни робот не може да го направи. „И да имам осум раце, не би можела да го постигнам сето тоа“, вели малото девојче и го упатува последното барање до нејзиниот татко.

„Еве ги моите последни зборови до вас. Ве молам, почитувајте ги моите денови од детството“.



Многу луѓе истакнаа дека девојката зборува многу елоквентно и дека во иднина би можела да стане адвокат.

Еден корисник на социјалните мрежи коментира: „Нејзината логика е здрава и нејзините поенти се јасни; таа го кажа она за што многу возрасни не можеа ни да помислат... Таа има вештина за дебата и природна дарба да биде адвокат“.

Друг забележал: „Негувајте го времето што го имате со вашето дете. Таткото греши, треба да се извини“.

Инаку, во Кина има растечки тренд децата од училиштата да имаат целосен распоред на воннаставни активности, но истото се случува во многу европски земји, вклучително и кај нас.

Кинескиот Закон за образование, кој ќе го намали притисокот врз училишните деца да ги извршуваат домашните задачи и подучување, беше донесен во октомври минатата година.

Новиот закон ги повикува локалните власти да даваат помалку домашни задачи и ги замолува родителите да им дадат разумно време на децата за одмор и вежбање, пренесува Today.