Екс министерката Нина Ангеловска оди на нова позиција: Предизвик ѝ е високо менаџерско место во српска престижна компанија

Добивај вести на Viber

Нина Ангеловска, поранешка министерка за финансии на земјава, која на овдешната јавност и беше позната по тоа што беше сопственичка на компанијата за онлајн трговија Групер, зазема нова висока позиција во друга компанија за онлајн трговија, со српски капитал. 

Имемно, екс министерката на својот профил на бизнис мрежата Linkedin објави дека е пред нов возбудлив предизвик, односно дека е среќна што се приклучува на Ananas e-commerce, како менаџер за интернационален бизнис развој, или како што напишала INT Business Develomement Manager. 

Како што е познато, Ananas e-commerce, е во сопственост на компанијата „Делта“ на српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ. Повеќе детали прочитајте на Фактор.мк


Фото: Нина Ангеловска -Фејсбук страна