ЕКСПЕРТ ОД КЕМБРИЏ: Нема доказ дека вакцината на АстраЗенека предизвикува згрутчување на крвта. Па, зошто тогаш луѓето се загрижени?
Дејвид Шпигелхалтер е претседател на Центарот за комуникација со ризици и докази на Винтон во Кембриџ, во своја колумна за Гардијан вели дека нема докази дека вакцината на Астразенека предизвикува згрутчување на крвта.
Еве што тој пишува за Гардијан.
Приказните за луѓето кои добиваат тромбови, односно згрутчување на крвта веднаш по земањето на вакцината Оксфорд / АстраЗенека, станаа извор на вознемиреност кај европските лидери. По извештајот за смртта и три хоспитализации во Норвешка, во кои беше откриено сериозно згрутчување на крвта кај возрасните кои примиле вакцина, Ирска привремено го прекина вакцинирањето. Разбирлива е одредена вознемиреност за нова вакцина и треба да се испитаат какви било сомнителни реакции. Но, во сегашните околности треба да размислуваме бавно, како и брзо, и да се спротивставиме на извлекувањето каузални врски помеѓу настаните каде што такви можеби и не постојат.