ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: После јадење не треба да палите цигара!
Повеќето пушачи имаат силна желба веднаш после јадење да запалат цигара. Тие често го прават тоа, бидејќи сметаат дека така побрзо ќе се апсорбира храната, но експертите не се согласуваат и не ја поддржуваат нивната теорија.
Тие велат дека цигарата го иритира стомакот, но и остатокот од дигестивниот систем, што се одразува на целото тело. Никотинот од цигарата се поврзува со кислород во крвта, бидејќи после јадење, кога дигестивниот систем работи со полна пареа, полесно се апсорбира.
Бројни истражувања покажуваат дека пушењето после јадење е 10 пати полошо од „нормалното“. Поточно, една испушена цигара после јадење има акција како да сте испушиле 10 цигари.
Токму затоа, пушачите по оброкот треба да почекаат најмалку половина час пред да запалат цигара.