ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ: Не пијте кафе веднаш по будењето!

Добивај вести на Viber

Многу луѓе кои консумираат кафе, не си го поставуваат прашањето какви се нивните односи со кофеин. Како и повеќето тие уживаат во топлиот напиток наутро. 

Знаете ли сепак кога е препорачливо да пиеме кафе? 

Неодамна CNBC праша лекари и специјалисти токму за ова прашање. Под најмногу препорачливо време имаме предвид кога телото најефективно ги апсорбира ефикасните материи од кафето. Дефинитивно ограничете го кафето, кога станете, вели нутриционистот Лаура Кипуло. Зошто? Бидејќи во тоа време нашето тело произведува повеќе кортизол - хормонот на стрес. Затоа кога пиеме кафе наутро, кофеинот го стимулира покачувањето на нивото на кортизол, што последователно ни ја црпи енергијата подоцна во текот на денот. 

Што нуди Кипуло? 

Пролонгирајте ја консумацијата на кафе најмалку 3 часа. „Уживајте во пиењето кога телото произведува помалку кортизол, околу 3-4 часа по будењето“, вели Лаура. Значи, ако се разбудите во 7 часот, времето за кафе е 10 часот. И д-р Маргарет Пајанел го дели истиот став. Таа потврдува дека нивото на хормонот за стрес е највисоко по будењето. Исто така паѓа по полноќ, со што се чувствуваме поспани или уморни. Кофеинот, како адреналин, има стимулирачки ефект, но нема многу влијание врз кортизолот, објаснува Пајанел. За да имате доволно енергија секогаш, пијте кафе кога сметате дека ви недостасува. Вие не мора да сметате точно толку часови по будењето. Според нутриционистката Лиза Лисиевски, најмногу се препорачува кафе попладне, бидејќи тогаш нивото на кортизол е најниско. 

Заклучок: По будењето, не е најдоброто време да ја пиете првата доза кафе, освен ако не се разбудите во 04:00 часот.