Експозитурата на Шпаркасе Банка вo општина Аеродром на нова адреса

Добивај вести на Viber

Од денеска, Шпаркасе Банка ја отвора новата експозитура во Општина Аеродром, која претходно се наоѓаше на адреса бул. „Јане Сандански“ бр. 12.

Новата локација на експозитурата е на адреса ул. „Фрањо Клуз“ бр. 1/1, Општина Аеродром, и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок, од 8.00 до 16.00 часот. Во новата експозитура, клиентите на Шпаркасе Банка ќе добијат врвно корисничко искуство во доменот на депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет и други банкарски услуги.

Просторот на новата експозитура е дизајниран имајќи ги предвид естетските и функционалните аспекти. Употребата на еколошки одржливи материјали покажува посветеност и еколошка одговорност,  додека обезбедувањето на стандардите за удобност и безбедност, дава приоритет на благосостојбата на клиентите и на вработените. Инспиративно е да се види како бизнисите ја интегрираат одржливоста во нивниот дизајн и работење.

На отворањето, пред присутните свое обраќање имаше претседателот на УО на Шпаркасе Банка, господинот Санел Кустурица:

„Шпаркасе Банка продолжува со цврста посветеност и стремеж да биде водечка банка по квалитет на услуги, задоволство на клиенти и ангажираност на вработените. Фокусирани сме да им понудиме поголема достапност на производите и услугите на нашите клиенти, со отворање нови и модерни експозитури. Се трудиме да им овозможиме максимално корисничко искуство на клиентите, да инвестираме во поголема мрежа на експозитури и во модерен простор каде што нашите вработени ќе се чувствуваат пријатно и ќе бидат мотивирани за работа“ – изјави тој.

Шпаркасе Банка АД Скопје инвестира во својата инфраструктура со цел поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.

ПР објава