Експресна диета со домати: Топи килограми за само неколку денови
Доматите се веројатно меѓу најчестите, најбарани и
популарни зеленчуци во светот. Според многумина, доматите се всушност овошје,
но заради нивниот одличен вкус, спорот за овошје или зеленчук останува во
позадина.
Доматите се многу богат извор на антиоксиданти.
Тие исто така имаат антисептички ефект. Свежиот сок од домати помага против
воспаление или згрутчување на крвта. Витаминот Ц и бета-каротин во доматите се
одлични антиоксиданти и помагаат во неутрализирање на слободните радикали, што
го зголемуваат ризикот од рак и воспаление.
Сега кога сезоната на домати е во полн ек, можете
да пробате ефикасна и лесна диета со нив.
Оваа диета ќе ви помогне да изгубите 3-4 килограми
и ќе го збогати вашето тело со здравје и енергија. Диетата со домати и доматите
ќе се грижи и за вашата психа. Овој зеленчук се смета за лек за депресија, а
научниците неодамна откриле дека дури има и антиканцерогени својства.
Пробајте ја диетата со домати која трае 5 дена и
ќе ги изгубите оние вишок 3-4 килограми со кои скоро сите се борат, а вашето
тело ќе се чувствува поздраво и посилно. Доматите содржат четири главни типа на
каротеноиди - алфа-каротин, бета-каротин, лутеин и ликопен - како и два моќни
антиоксиданти - витамин Е и витамин Ц.
Придобивките од доматите не се намалуваат дури и
по нивната делумна термичка обработка, па затоа можете да подготвите сос од
домат со маслиново масло за уште поздраво слабеење. Добро е доматите да не се
лупат, бидејќи многу корисни материи има во нивната кожа.
Во диетата со домати дневно се јаде околу 1-1,5 кг
зеленчук.
Првиот ден не треба да се
комбинира со ништо, и треба да се јадат без сол и други додатоци. Можете да
јадете исечени домати или од нив да направите сок од домати. Сокот од
домати има способност да го намали апетитот, така што нема да чувствувате глад цел
ден.
Вториот ден,
на домати може да им се додаде маслиново масло и домашен јаболков
оцет.
Третиот ден,
можете да додадете малку нискомаслено сирење.
На
четвртиот ден, на домати може да вкучите и варено бело пилешко.
Петтиот ден,
доматите можат да бидат подготвени како салата, во која можете да додадете
краставица и жива пиперка и да зачинете со маслиново масло, природен јаболков
оцет и малку хималајска сол.
Извор: edna.bg
(Рецепт) Ако сакате да изгубите тежина: Пијте секое утро лимонада со овој додаток!