Елемент ПР официјална агенција на Huawei за Македонија
– Елемент ПР е официјалната агенција за комуникација и односи со јавност за Huawei Македонија. Веќе од денес, медиумите, сите информации поврзани со Huawei Consumer Business Group, производите на оваа компанија, како и со достигнувањата на глобалниот и локалниот пазар, можат да ги добијат преку Елемент ПР. Вака воспоставената комуникација ја гарантира сигурноста на секоја споделена информација и релевантноста на истата со оглед на тоа што ќе биде произлезена директно од компанијата Huawei Consumer Business Group.
Елемент ПР е агенција која 10 години постои на пазарот и со својата работа со локални, регионални и светски брендови и компании, досега се има докажано како високопрофесионална агенција за комуникација.
Huawei како глобален технолошки гигант во својата програма покрива паметни телефони, персонални компјутери и таблети, преносни и облак услуги и слично. Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и се користат од една третина од светската популација. Компанијата има воспоставено шеснаесет центри за истражување и развој распоредени во САД, Германија, Финска, Шведска, Русија, Индија и Кина. Глобалната мрежа на Huawei е изградена на повеќе од 20 години стручност во телекомуникациската индустријата и е посветена на обезбедување на најновите технолошки достигнувања за потрошувачите од целиот свет.