Моден фокус // Трендови
Елена Петреска уникатна и во родниот Прилеп: Топ комбинација која ви овозможува лесно да комбинирате, а да изгледате светски (ФОТО)
Вчеравечер во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на македонската фестивалска сцена се врати познатиот фестивал „Мел Фест“.
Уметнички директор на фестивалот е пејачката Елена Петреска, која изгледаше навистина одлично за овој настан.
Имено Елена Петреска е еден од нашите најдобри и најуникатни женски вокали. Иако во последно време е послабо активна на поп-сцената, музиката е и понатаму дел од нејзиниот живот.
Како домаќинка во родниот Прилеп, избра уникатна и тренди модна комбинација, која може лесно да ја ископирате и вие.
Станува збор за светли искинати фармерки и светкав топ во црвена боја, искомбиниран со црни сандали. Едноставен, а светски изглед.