Елена Ристеска со нова песна посветена за својот покоен татко, но и реклама за „ЕРА“
Елена Ристеска музиката ја стави во втор план, па започна нов сопствен бизнис. Имено, како што е познато, Ристеска неодама лансираше машки и женски парфем од својата „ERA“ колекција.
По лансирањето на парфемот, Ристеска започна и со онлајн продажба на истиот.
Меѓутоа, деновиве Елена има посебна причина да биде и горда и среќна. Имено, таа ја објави првата реклама за својот парфем, а истата е снимена во Мајами.
Заедно со рекламата убавата пејачка и официјално ја означи продажбата на парфемот во светски рамки, односно од денес и официјално ЕРА можете да го нарачате каде и да се наоѓате на земјината топка и тоа онлајн преку нејзината страница.
Инаку, во позадина на рекламата оди музика од новата песна на Елена, „The Reason“ која таа ја посвети на нејзиниот починат татко.
Линк од видеото: