Емотивна честитка од мама Изета за 55-от роденден на Бени: „Горда сум што си мој син“

Добивај вести на Viber

Рок пејачот Бени Шаќири денес слави роденден. Музичарот наполни педесет и пет години и ја доби најубавата честитка од неговата сестра.

Нора на Инстаграм објави неколку заеднички фотографии со нејзиниот брат и напиша неколку убави зборови кои му ги посвети.

„Љубовта се вика со името Бени. Среќна 55-ка животе. Ти ја посакувам сета среќа на овој свет. Бени што не може никој, можеш ти“, напиша Нора.

Поемотивна во честитката беше неговата мајка Изета која објави неколку фотографии од Бени, неговата сопруга Лиза и внуците.


„Колку е убав и сончев денот, на мојата прва љубов 55-ти роденден. Да си ми жив и здрав до 100. Да останеш таков каков што си, чесен, хуман, емпатичен, помалку тврдоглав и посветен на своето семејство, брат, сестра и нормално на твојата мајка која те родила, затоа што таа е најзаслужна што постоиш. Душо моја, ти ја посакувам цела среќа на овој свет и сите желби да ти станат реалност. Горда сум што си мој син и  посакувам твоите синови да бидат барем половина пожртвувани за тебе и Лиса. Те сакам око мое. Среќно“.

Музичарот неодамна беше назначен за директор на најкултната институција Младински културен центар.

Фото: Фејсбук