Животна училница // Приказни
(Емотивно видео) Калиопи го бричи татко си: Улогите се сменија, омилен момент од изолацијата
Пејачката Калиопи Букле на својот профил на Инстаграм објави емотивно видео со својот татко под кое напиша:
„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи ... Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења .. Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене! Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн ... И сега, после толку години, улогите се сменија ... И можеби ова е многу помило и поубаво за мене .. . Еден од моите најомилени моменти во изолација ... бричење на брадата на тато ... И јас се усовршив ... Како да пишувам една од моите најубави песни.“