Енергетска поддршка од Имлек протеин на Охрид ultra trail 2024

Добивај вести на Viber

Викендов Охрид живееше со енергијата и духот  на “Охрид Ултра-треил”,  каде што натпреварувачите трчаа на предизвикувачки рути меѓу езера и планини. Оваа година настанот постави нов рекорд, привлекувајќи над 440 учесници, рекреативци и професионални спортисти, кои се натпреваруваа во 4 трки од 22 км, 40 км, 65 км и 107 км. Претставувајќи 35 земји, овие спортисти покажаа извонредна издржливост и дух.

Имлек Протеин ја даде енергетската поддршка за сите спортисти во текот на викендот и за време на целата трка. Секој учесник имаше можност да ја надополни својата енергија со Имлек протеин шејковите, коишто беа достапни цело време за освежување и им обезбедија високо квалитетни дози протеин и енергија за да можат да ги освојуваат патеките се до целта. Посветеноста на Имлек Протеин, овозможи спортистите да можат да ги одржат своите перформанси и да останат енергични, придонесувајќи за незаборавно искуство на ултра-треил патеката.

Имлек Протеин беше домаќин на своја зона на плоштадот во Охрид, создавајќи одлична забавна поддржувачка атмосфера како за тркачите така и нивните поддржувачи. Зоната на Имлек Протеин  беше место кое нудеше супер релаксација и надополнување на енергија.

Протеините играат клучна улога и се од суштинско значење во поддршката за регенерирање, закрепнување и раст на мускулите. Имлек протеин шејковите нудат брз и лесен начин да ги задоволите дневните потреби за протеин. Имлек Протеин не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек протеин шејк 300 мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода и како пудинг во три варијанти, чоколадо, банана и ванила.

Токму заради ваквата хранлива вредност и состав, Имлек протеин беше омилениот пијалак на сите поголеми трки минатата година каде ја даде својата поддршка. Оваа година продолжува со поддршката и секако забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.