Eпидемиолог Стојанов: Какви реакции ќе даде вакцината против Ковид-19 сè уште не знаеме
Во периодот кој следи до пристигнувањето на вакцината во Македонија, здравствените власти очекуваат одговори на низа прашања поврзани со имунизацијата против Ковид-19. Во разговор за Фактор, еден од врвните епидемиолози во земјава и член на Комисијата за заразни болести, д-р. Александар Стојанов, вели дека очекуваат детални напатствија од самите компании за начинот на чување на вакциние, до начинот на аплицирање.
-Во однос на ова засега најактуелно прашање, кое и според светските експерти би ставило крај на пандемијата на Ковид-19, а тоа е вакицинацијата против корона вирусот, сè уште имаме голем број неодговорени прашања. Се надеваме дека наскоро, во зависност од тоа, која вакцина ќе пристигне во Македонија, ќе добиеме насоки од фармацевтските куќи за сите детали. Освен тоа, сметаме дка самата Светска здравствена организација, сето тоа ќе го унифицира и ќе се раководиме според дадените насоки и дека тоа ќе биде исто за сите земји. Но, се зависи од тоа, со која вакцина ќе вршиме имунизација. Ако станува збор за вакцината на Фајзер и Бионтек, тогаш не очекува голема логистичка операција во однос на чувањето на вакцината, бидејќи таа мора да биде складирана во медицински фрижидери на температура од -70 степени. Во Центарот за јавно здравје имаме таков фрижидер. Тој одржува температура до -82 степени, а чинеше 15.000 евра. Секоја ковид-лабораторија мора да има вакви фрижидери, тоа е практично дел од опремата бидејќи таму чуваме примероци кои мора да бидат на толку ниски температури, вели д-р. Стојанов за Фактор.
Повеќе информации за вакцините против коронавирус, прочитајте на Фактор.мк