Еротски приказни: СРЕДБА СО ФИЛ
Кога се качивме во станот на Мина, го отворив шкафот на Лука и набрзина спремав облека за него. Фил ме набљудуваше и потоа ми проговори: „Инес, многу се радувам што те гледам повторно. Во моментов, поради Лука не се чувствувам најдобро, но чувствувам дека те сретнав повторно со некоја причина. Во моите впечатоци си останата како ретко убава и пожелна жена – вистинска дама. Не е момент да разговараме, се надевам дека ќе се видиме повторно деновиве откако ќе му биде подобро на Лука“. Му ја подадов торбата со облеката и тој замина в болница, а јас влегов во бањата за да се истуширам.
Единствено што сакав во моментот беше да ми се излади телото и долго време се туширав со млака вода. Легнав, но од голема вознемиреност срцето ми чукаше како ѕиден часовник. Меѓутоа, не станав, туку лежев неподвижно бидејќи ако станев, ќе се расонев и така сум заспала.
Утрото осетив како некој ми праќа сигнали да станам. Ги отворив очите, а топлината од сонцето ми ѕиркала низ прозорот и ми го галела лицето. Станав и веднаш се подготвив за работа. Главата ми беше тешка и мамурна – се чувствував како да сум пиела алкохол, меѓутоа денеска имав важен состанок и не сакав да откажувам затоа што овој состанок ми беше важен.
Тргнав и ми заѕвони мобилниот. Се сетив дека е Мина. Сосем изумив да ѝ се јавам. Сигурно таа ме бара. Таа ми ѕвонеше и сакаше ми каже дека Лука се разбудил, дека бил добар и дека денеска ако му се добри резултатите, ќе го пуштат од болница и ќе си дојде дома. Потоа, ми рече дека Лука ме барал за да ме чуе, а јас, пак, ѝ кажав дека брзам и дека кога ќе стигнам на работа ќе ѝ се јавам.
Кога дојдов на работа, ме повика директорот на разговор. Отидов кај него. Тој беше човек кој со сопствени сили отворил фирма и полека од фирмата направил гигантско претпријатие. Ми рече дека има план да отвори претставништво в странство, во градот во кој студирав, и ме праша дали би прифатила да бидам претставник. Не знаев што да му одговорам, бев изненадена и му кажав дека треба прво да размислам, па ќе му одговорам. Тој се согласи.
Кога излегов од неговата канцеларија веднаш ѝ телефонирав на Мина. Таа ми рече дека Лука заспал повторно и потоа ми кажа: „Филип вечерва беше многу чуден. Цело време беше мирен, љубезен со мене дури и пријатен. Се зачудив колку беше трпелив и воздржан“.
Не знаев што да ѝ речам. Сѐ се случи набрзина и сношти со ништо не изреагирав дека се познаваме со Фил. Не можев да бидам искрена со Мина. Пријателствата, всушност, заглавуваат тука некаде во искреноста. Вистината е што бев непријатно изненадена и не бев во состојба да ѝ објаснам на Мина дека ова се настани случени во минатото и дека немаат врска со сегашноста, туку се совпаднале ненамерно.
Прашав како е Лука за да ја променам темата. Мина ми кажа дека е добар, дека му се вратило паметењето за сношти и дека прашал за мене. Докторот рекол дека денеска околу пладне ќе се вратат дома.
Јас имав битен состанок и кога заврши состанокот, веќе беше скоро четири часот, си заминав дома. Стигнав пред зградата и прво отидов да го посетам Лука. Таму беше и Фил. Лука беше во неговата соба и лежеше во кревет и кога ме виде, беше радосен.
Мина отиде да ни направи експрес-кафе, а Фил ми шепна: „Кој ти е бројот за да ти пратам порака?“ Му го кажав и веднаш ми испрати порака што гласеше: „Се гледаме за викенд“. Го погледнав и ништо не му одговорив. Се врати Мина со кафињата и кога го испивме, си отидов дома.
Во меѓувреме, ми се јави Алек за да ми каже дека имал работа како и секогаш и дека не знаел кога ќе се видиме. Потоа одмарав и другиот ден веќе бев посвежа. Деновите поминуваа брзо. На работа ми беше вообичаено и секој ден од работа го посетував Лука, анавечер ѝ правев друштво на Мина. Лука беше веќе беше оздравен, можеше да се движи, уште конците да му се извадат.
Петокот наутро Фил ми прати порака: „Приквечер може да се видиме?“ Времето ги спојува и ги разделува луѓето. Повеќе прифатив од љубопитност отколку од желба. А и не сакав да го одбијам Фил. Му одговорив: „Вечер во хотел Парк“. По работа бев на фризер, на маникир и на масажа. Се вратив дома и си облеков црн фустан, а под него црна танга, црн градник и црни мрежести хулахопки. Си облеков високи црни штикли и тргнав.
Влегов во хотелот, а Фил веќе беше таму. Кога ме виде, ми се воодушеви. Стана, се поздрави, ми го тргна столот како џентлмен и јас седнав. Нарачавме вино. Од самиот поглед на Фил се испотив од возбуда. Ме забележа Фил дека сум возбудена и ми рече: „Вечерва сме јас и ти. Ми недостасуваше многу. Едноставно те снема. Знаеш дека ми недостасуваа твоите бакнежи, твоите допири, твојата мека кожа и твоите предизвикувачки облини“.
Се насмеав и се обидував пред него да не ја покажувам мојата голема возбуда. Тој ме фати за рацете. Неговите раце трепереа како гранчиња на ветер. Потоа, Фил ми шепна: „Ако се возбудиш премногу, веднаш ќе се качиме горе. Јас сум подготвен“, покажувајќи ми клуч од собата. Повеќе не можев да издржам и храбро му кажав:„Ајде, сега да се качиме“.
СОСЕТКИ